Владата одлучи да прогласи три дена жалост по повод трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која во изгорен македонски автобус загинаа најмалку 45 луѓе.
Жалоста е прогласена за периодот од денеска па во наредните два дена (23, 24 и 25 ноември).
Поради деновите на жалост знамињата пред Владата, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, ќе бидат спуштени на половина копје.
Се одложуваат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.