Владата на седницата вечерва официјално прогласи кризна состојба.

Владата со тоа ја потврди вчерашната препорака од Советот за безбедност кој се состана кај претседателот Стево Пендаровски.

Ова ќе значи дека армијата се вклучува во битката со коронавирусот, а државата може да ги користи ресурсите на приватните болници во битката со Ковид-19.

Вчера Советот за безбедност препорача воведување на кризна состојба на територијата на целата држава, а денеска Владата донесе одлука. Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена.

Кризна состојба не значи дека ќе има и полициски час.

Како што соопштуваат од Владата одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија е заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Ова е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на Групата за процена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.