Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Република Македонија објавува оглас за вдомување на 31 јавен службеник на различни позиции, само една недела по повикот на премиерот Зоран Заев за формирање на широка влада со опозицијата се со цел департизација на институциите.
Да ја департизираме администрацијата. Кога сме двете страни внатре во владата нема тоа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да ја партизираат администрацијата. Да ќе се вработува и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, ама ќе победи на конкурсот како најдобар, по критериуми. Клиентелизмот во судство во јавно обвинителство кога ќе бидат сите в власта ќе го снема, рече Заев во интервју пред само една недела.
По се изгледа, не само што се предомисли за широка влада каде што ќе биде вклучена и опозицијата, туку се предомисли и за департизацијата на институциите, а за тоа се докази токму овие огласи за водмување на партиски војници во јавната и државната администрација.
Според податоците, ова акционерско друштво има потреба од 31 работник и тоа за позициите: административен оператор, координатор на судски и други постапки, референти, самостојни референти, возачи, инженер за подготовка, надзорен инженер, архивар, шеф, благајник, технички секретар администратор, главен координатор, па се до архивар документарист, а според позициите најниската плата е 17.900 додека пак највисоката нето плата е 38.200 денари.
Дека власта решила да ги преполнува институциите со партиски војници покажуваат и претходните огласи објавени за вработување на службеници во различни државни и јавни институции.
Со сигурност може да се каже дека државната администрација повеќе не наликува ниту најмалку на државна, туку партиска која наместо да стане професионална и во служба на граѓаните, прераснува во гласачко тело.
Со ова се добива впечаток дека Република Македонија која во моментот се наоѓа во тешка здравствена и економска криза, нема недостаток од вакцини за имунизација на населението, туку недостаток од вработување на партиски послушници во јавната и државната амдинистрација.
Европската унија во еден од извештаите нотираше паритизирање на институциите со неквалификувани кадри, но за владата ниту тоа не претставува проблем да продолжува со превработување и политизирање на институциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.