Владата предводена од СДСМ нема ниту способност, ниту план како да се справи со економската криза и со падемијата, потенцираше лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска се сретна со хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ.

На средбата потенцирав дека власта нема капацитет и не знае како да се справи со пандемијата, а поради тоа Македонија секој ден бележи нови црни денови и стана лидер по морталитет на милион жители во регионот. Истакнав дека Владата предводена од СДСМ нема способност, ниту план да се справи со економската криза, а како резултат на тоа над илјадници граѓани ги губат работните места, бизнисите се затвораат, а нови инвестиции нема ниту на повидок, рече Мицкоски по средбата со Тигањ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека како политичка партија имаат идеи и мерки како Македонија да се справи со здравствената и економска криза, но и останатите предизвици кои нѐ очекуваат периодов.

Политиките на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и конкретни и можат Македонија да ја вратат на вистинскиот пат. Во име на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарив за коректната соработка со Амбасадата на Република Хрватска и посочив дека пријателските односи ќе продолжат и понатаму, рече Мицкоски.

Остварив средба со хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ.

На средбата потенцирав дека власта нема…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 16 October 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.