Владата на денешната седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на државата за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена.

Во соопштението од владината прес- служба се наведува дека аргументите за ваквиот предлог ќе бидат содржани во извештај за досега преземените активности од државните институции.

На оваа седница, Владата го дополни и усвои протоколот со препораки и упатства за службените патувања на функционерите, со заклучок дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука одобрување треба да даде Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со ковид-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.

Инаку, во тек е седница на националниот Совет за безбендост на кој треба да се разговара токму за вонредната состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.