Владата со уредба финансиски ќе ги помага МПЦ и ИВЗ, дознава ТВ24.
На вчерашната седница Владата донесе одлука на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ да му се доделат вкупно 73.000 евра, а на Факултетот за исламски науки 49.000 евра, или вкупна сума од 122.000 евра.
Одлуката на Владата доаѓа експресно откако реисот Сулејман Реџепи се закани дека ако не добие помош од државата, ќе ги „суспендира“ забраните за собири и движење во полициски час и потоа никој нема да може да се справи со епидемијата.
Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петроска во Отвореното студио на ТВ24 рече дека изјавата на реисот Реџепи предизвикала вознемиреност и кај јавноста и кај институциите, а повикување или изразување на револт на мерките кои Владата ги дава во интерес на граѓаните е несоодветно, особено што ова не е битка само на владата или на општеството, туку на целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.