Владата изминатите неколку денови ги израдува децата во малите групни домови низ државата, како и во установата за деца со социјално-воспитни проблеми, доставувајќи им 150 новогодишни пакетчиња на нивните адреси, информира владината прес-служба.
Владата е посветена на поттикнувањето и развивањето на децата, да им се даде слобода за правилно изразување на нивните способности, чувства, креативност, снаодливост, да се оспособат за донесување на храбри одлуки во животот. Едноставно да одат низ животот самоуверено и сигурно, се наведува во соопштението.
Од Владата посочуваат дека една од најважните работи кои може да се забележат во малите групни домови е дека не се само место за живеење, туку место кое кај децата создава чувство на љубов.
Децата се многу важни во општеството, а со вакви активности Владата се грижи за децата, а со тоа и за нашата иднина, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.