Владата побарала од Венецијанската комисија да го одложи кончениот став за Законот за јазици, објави „Тв24“.
Како што објавува ТВ 24, извори од владата брифираат дека освен одложување на заклучоците, побарани се и дополнителни консултации за законот, кој според неофицијалните забелешки на Комисијата кои ги објави „Плусинфо“, е неспроведлив и потребно е да се ревидира.
Дека заклучоците ќе доцнат денеска најави и вицепремиерот Бујар Османи, кој не сакаше прецизно да одговори дали ДУИ ќе ги прифати забелешките и ќе дозволи нова интервенција во законот. За него, законската рамка е добра каква што е и го заокружува Рамковниот договор, а секое враќање назад вели, ќе донесе и нови преговори.
Мислам дека имаме подеднакви ставови во владата дека овај закон е добар и треба да продолжи да се импелемнтира. Да оставиме Венецијанската комисија да излезе со конечниот извештај па ќе видиме што може да одговара на нашиот политички контекст, што е спротивно од нивните согледувања, спротивно од Рамковниот договор од нашите погледи како треба да го развиеме нашето мултиетничко општество и мултиеничка држава, изјави Османи.
Вицепремиерот кој се самопрогласи за инспектор за спроведувањето на законот и последниве викенди патролираше од институција до институција во контрола на двојазичните табли, вели ќе продолжи со неговите акции бидејќи тоа му било работа, иако во драфт-заклучоците Венецијанската Комисјита бара да се одложи надзорот и казните за непочитување на законот додека истиот не се измени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.