Владата побара од општина Охрид да спречи изведување градежни работи на локацијата на поранешниот ресторан „Парк-Горица“.

Ова укажување е додека не се утврди фактичката состојба од страна на стручната комисија на Министерството за транспорт и врски, која ќе изврши увид во процесот на издавање на одобрението за градење на локацијата на поранешниот ресторан „Парк-Горица“.

Владата ѝ укажува на општина Охрид, во рок од два дена да достави информација за важноста на одобрението за градба на локацијата на местото на ресторан дискотека „Парк“, имајќи предвид дека согласно член 66 од Законот за градење, одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно – информираат од Владината прес-служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.