Македонската Влада на својата редовна, 143-та седница донесе одлука за формирање на работни групи за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и за подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската Унија, информираа од Владата.

На оваа седница е донесена и одлука за формирање на Секретаријат на структурата за преговори, како и канцеларија на главниот технички преговарач.

Во пакетот одлуки за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и за подготовка на преговарачките позиции за преговори, е донесена и одлука за формирање државна делегација и Комитет за преговори во пристапувањето на Република Македонија кон ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.