Носењето маска, одржување дистанца, обележани места за седење, забрането стоење и групирање на посетителите од публиката, ова се дел од протоколите кој ги објави Владата, а се однесуваат на редовното работење, како и вонредните манифестации што ги организираат и спроведуваат кината, театрите, балетските претстави, оперските претстави, филмските проекции, концертите, мултимедиските проекти, фестивалите и манифестациите од дејноста на културата.
Согласно Протоколот и измените и дополнувањата, за време на одржувањето на овие настани, задолжително е носењето на лична заштитна опрема на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, одржување на физичка дистанца на публиката на настанот со обележани места за седење, поставени на дистанца од 1,5-2 метри и не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката, соопштуваат од Владата.
Задолжителното одржување на физичка дистанца од два метри се однесува и на сите членови на тимовите задолжени за организација. Според препораките, ограничен е капацитетот на посетители и тоа: настаните на отворено да се организираат со 50 проценти од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители, а настаните на затворено да се организираат со 30 проценти од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители.
Важно е да се напомене дека со овој протокол, и со измените и дополнувањата не се опфатени приватните веселби, напоменуваат од Владата.
На веб страницата на Владата (https://vlada.mk/protokoli-
На веб страницата на Владата, како Прилог бр. 9, е објавен и Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, вклучително и измените според кои е предвидено воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 12 деца (наместо досегашните 6) и двајца вработени во смена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.