Конзорциумот на групацијата за Длабоко знаење (Deep knowledge group) ја рангира лошата ефикасност на Владата во справување со пандемијата меѓу земјите со најмал рејтинг.

На својата страна групацијата врши КОВИД-19 Регионална проценка на безбедноста во Европа, па по тоа ги рангира како се справуваат со корона пандемијата и ефикасноста на владите во справувањето. „Вкупниот раст на случаите во Европа се намали од 44% (од 15 мај до 30 јуни) на 32% (од 1 јули до 16 август).

Со зголемувањето на тензиите среде економскиот пад предизвикан од мерките за карантин и намалената деловна активност, прашањето за добро избалансирана владина политика може да биде уште порешителен фактор од оптимизацијата на здравствениот систем“, се вели во проценката.

На табеларниот приказ во делот на „Владина ефикасност“ , Германија има рејтинг на 185, Австрија 188, Унгарија 153, Велика Британија со 150, Франција 136, иако дел од овие земји имаат навистина проблеми со високиот процент на новозаразени, рејтингот на владината ефикасност говори за навременото носење мерки, како и институционалниот капацитет на справување со кризата.

Во регионот Грција има рејтинг од 129, Хрватска, Бугарија, Албанија и Црна Гора имаат рејтинг 98 ефикасност на владите, додека Македонија е рангирана со рејтинг од 90. Само 10-тина земји од Европа кои се на листата на графиконот се рангира со рејтинг под 90 на владина ефикасност меѓу кои за жал е и Македонија.

Според ова земјава бележи уште една листа на која Македонија се наоѓа на дното, но сега во ефикасност на Владата во справување со пандемијата, а со тоа необезбедување на безбедност на самата држава и граѓаните, кои во ваква ситуација очекуваат власта, особено ресорното министерство за здравство и министерот Венко Филипче да се справуваат ефикасно и ефективно со пандемијата. Ова е уште еден пример на проценка дека Владата со ваков лош рејтинг на дното на листата на Европа, навистина лошо се справува со кризата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.