„Еко клуб“направил одличен трансфер и во тимот на премиерот Зоран Заев – објави Плусинфо, поткрепувајќи го ова со документи до кои стигнал порталот. Според медиумот „Еко клуб“ со Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија склучило договор за косење трева, плевел, грмушки, сечење дрва и слични активности, за период од две години. Вкупната цена на услугите изнесува 70,8 милиони денари. Потписник на договорот од страна на јавното претпријатие е директорот Зоран Китанов. Договорот е склучен на 16 август 2019 година под архивски број 08-56340/40.

Ова е дел од тој договор:

На 13 јануари годинава, Медицинскиот факултет од Скопје склучил договор со истата форма, за подигање, транспортирање и согорување медицински отпад во период од две години. Вредноста на договорот е 2.277.400 денари. Од страна на Медицинскиот факултет потписник е деканот проф. д-р Соња Топузовска, тврди Плусинфо, објавувајќи ја првата страница и од овој договор.

Претходно, на 25 октомври 2019 година, Министерството за одбрана, предводено од Радмила Шеќеринска, првата соработничка на Заев, исто така склучила договор со битолската фирма „Еко клуб“, во вредност од 300.000 денари, исто така за собирање, транспорт и третман на медицински отпад.

Очигледно е дека одговорност треба да се бара, но прецизно треба да се утврди кој договор го „покрива“ скандалот во „Дрисла“. Граѓаните имаат право да знаат зошто и кадрите на СДСМ, блиски до Заев, склучувале договор со оваа фирма, ако нејзините услуги навистина биле спорни – коментира порталот.

Претходно објавивме дека фирмата Еко клуб“ која носела медицински отпад во Дрисла е основана во времето кога премиер бил Владо Бучковски.

Извор: Плусинфо


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.