Владата на Заев е на стаклени нозе. Министрите од областа на безбедноста и правдата Спасовски и Маричиќ се без НАТО сертификат за безбедност. Министрите од владата на Заев кои се соочуваат со најмногу сензитивни информации според НАТО не се доверливи личности – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението испратено до медиумите стои:
Заев да каже дали е точно дека едниот нема сертификат зошто имал контакт со странска служба? А другиот поради случај на корупција?
Тие велат дека е недозволиво министер на МВР да нема НАТО сертификат за безбедност.
Како може Спасовски и Маричиќ да се не безбедни за НАТО, а да се безбедни за Македонија? Заев со нивно чување на позиција свесно ја поткопува безбедноста на државата. Цела влада на Заев и нивните кадри се проблематични за НАТО, Спасовски и Маричиќ се едни во низата претставници на власта на Заев кои не добиле сертификат, НАТО веќе и врати на Шекеринска двајца претставници од Брисел. Во СДСМ буквално нема човек на кој НАТО може да му даде сертификат. СДСМ е анти НАТО партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.