Во тек е сединцата на Владата на која се разгледуваат препораките на Комисијата за заразни болести за затворање на сите градинки, основни и средни училишта и факултети во земјава, почнувајќи од утре, па во наредните 14 дена.
По седницата, во 14,30 часот е најавена прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче на која се очекува да ги соопшти одлуките на Владата.
Исто така, Комисијата препорачува забрана на сите масовни собири на отворено и на затворено, а сите спортски собири да се одржуваат без публика. Се воведува задолжителна самоизолација за сите лица што доаѓаат од високо и средноризични држави во период од 14 дена.
За повозрасните категории граѓани со хронични болести се сугерира да го ограничат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.