Пожарите кои беснеат во Австралија однесоа многу жртви и направија голема материјална штета. Им изразуваме сочувство на семејствата на загинатите, како и безмерна солидарност на сите граѓани на пријателска Австралија и на сите припадници на македонската дијаспора, порача денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски преку „Фејсбук“.

Тој нагласи дека Амбасадата на земјава во Канбера и конзулатот во Мелбурн стојат на располагање за помош и поддршка на сите македонски граѓани, како и на целата дијаспора.

Голема поддршка за пожарникарите, медицинските и други службени лица кои се борат со огнената стихија, како и до сите други институции и до владата, истакна Спасовски.

Информира дела Владата на првата следна седница ќе определи средства за поддршка за справување со последиците и реновирање на домовите.

Секогаш сме ја имале поддршката од пријателска Австралија, а сега најмалку што може да направиме е да бидеме солидарни и да им дадеме мала помош за да ги надминат огромните штети кои ги направија пожарите, напиша тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.