Реалноста е дека на онака помалку комичен начин се обидуваат од владата да го затскријат скандалот со неинтонирање на македонската химна и непостројување на македонската гарда, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на АлсатМ телевизија коментирајќи ја посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Македонија.
Македонската химна не беше интонирана при пречекот на грчкиот гостин, а изговорот бешедека причина е доцнењето на авионот на Ципрас. Во медиумите се појави информација дека причината не е авионот, туку натписот „Република Македонија“ на униформите на оркестарот.
-Најпрвин од Владата велат доцнел авионот, а потоа премиерот го гледаме како се препелка на едно интервју велејќи дека не е тоа дека немало време, туку да не му создадел дополнителни проблеми на неговот нов пријател во соседна Грција. Чуму ќе ти е таков пријател, ако не те прифаќа таков каков што си. Мене ми требаат пријатели кои ќе ме прифаќаат таков каков што сум, рече Мицкоски.
Мицкоски беше запрашан што тој ќе му кажел на Ципрас доколку бил на местото на Заев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со одговор дека доколку тој се сретнел со Ципрас средбата би била во друга реалност, а во зависност од тоа каква ќе беше реалност за тоа ќе разговарале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.