На вчерашната седница на Владата, министерката за правда Рената Десковска е номинирана член на Венецијанската комисија во која сега македонски претставник е професорката Тања Каракамишева, дознава „Експрес“.

Но, во вчерашното соопштение по владината седница, како и денеска, 24 часа по завршувањето, Владата не ја има објавено информацијата за именување на свој член во експертското тело на Советот на Европа, кое се занимава со прашањата на владеење на правото, човековите права и демократските принципи.

Не е познато дали одлуката е донесена во присуство на министерката за правда, иако таа вчера присуствувала на владината седница.

Министерката Дескоска на 172. седница, 24 декември (фото: Влада на РМ)

Извори во СДСМ за порталот тврдат дека пред номинацијата на Десковска за член на Венецијанската комисија, СДСМ добиле барање од коалиционите партнери од ДУИ владата веднаш да ја повлече професорката Каракамишева од комисијата, што на таен и скандалозен начин кој е против низа правила, се случило на последната владина седница.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.