Од Службата за општи и заеднички работи на Владата пред пет работни дена објавен е тендер, каде предмет на набавката е тоалетна хартија и брисачи за раце.
Вредноста на оваа количина на набавката е предвидено да биде во вредност од 1.868.227 денари, односно над 30.000 евра.
Фирмата која го добила тендерот е „Минако”, претставувана од управител Анита Максимовска Радева, која, како што пренесуваат одредени медиуми, често се јавува како добитник на тендери од државни институции, од Уставен Суд, факултети, министерства, болници и јавни претпријатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.