Владата денеска на седница треба да ги разгледува препораките од Комисијата за заразни болести и да донесе одлука за патувања во земјите од регионот, Србија, Црна Гора и Косово без ПЦР тестовите.

Како што информира Министерството за здравство, предлог одлуката за отворање на границите со посочените земји без ПЦР тестирање, Комисијата ја донела вчера на седница, врз основа на анализа според која, во моментов нема индикација, односно нема висок број на увезени случаи во земјава со Ковид-19 од овие неколку држави. Согласно со тоа, Комисијата констатирала дека нема ризик и е безбедно отворањето на границите. Воедно, се укажува дека во Европската Унија, сите граници на движење се без ПЦР тестирање.

Македонските граѓани во моментов од земјите во регионот можат да патуваат без ПЦР тест само во Албанија и Турција. Деновиве Грција ја продолжи одлуката до 12 октомври за копнените граници и за забраната за влез на државјани од трети земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.