Владата денеска ќе одлучува за набавката на лекот „Ремдесивир“ кој им помага на заразените од Ковид-19.
Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, Македонија има обезбедено финансии за набавката на лекот кој е докажано дека им помага на заразените од вирусот.
Филипче најави дека утре пред пратениците во Собранието ќе се најде Законот за заштита од заразни болести.
Филипче најави и дека од НАТО ќе добиеме 60 респиратори и лична заштитна опрема која ќе биде распределена во здравствените институции во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.