Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за отпочнување на процес на Кодификација на правото во Република Македонија и го задолжи Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка за јавна набавка на софтвер и софтверско решение со кој што ќе се изврши кодификација на правото во Република Македонија.

За оваа цел, Владата ги задолжи Министерство за правда, Канцеларијата на претседателот на Владата и генералниот секретаријат на Владата, а се препорачува на Собранието, државните универзитети, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Универзитет „Св.Климент Охридски“, Универзитет „Гоце Делчев“ и Државен универзитет во Тетово, од областа на правото – во рамки на своите Правни факултети, во рок од 5 дена да номинираат по еден претставник до Министерсто за правда, со цел формирање на оперативна работна група.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.