Владата планира денеска да ја разреши Ана Петровска од директорската позиција во Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), објави „360 степени“.
Владата денеска во 14 часот ќе одржи седница, на чиј дневен ред има и точка – кадровски прашања.
Случајно или не, за денеска во 10 часот Петровска закажа прес-конференција во врска со шестмесечниот извештај за работата на Инспекторатот. Во најавата се вели дека Петровска ќе презентира податоци за „зголемениот обем на надзори во 2021 година во споредба со лани и за изречените казни“.
Јавна тајна е дека Петровска, која за директорка дојде како кадар на ДОМ, е во конфликт со лидерката на партијата, Маја Морачанин, и дека евентуалното разрешување може да се смета за кулминација на внатрепартиските случувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.