Владата на Република Македонија, денеска, 28.09.2021 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 108-ма седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

 

На седницата, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за финансии ќе бидат разгледани Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за установите и Предлог-законот за финансиска стабилност.

На дневниот ред на седницата се и Предлог на Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија во Република Македонија (2021-2027) и Акцискиот план 2021-2023 за спроведување на оваа стратегија, како и Предлог на Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството (2021-2025).

Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето, стои во владиното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.