Владата поведува постапка за разрешување на директорот на МИА, Зоран Иванов, поради објава на социјалните мрежи во која се навредува бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија – објавија на Владиниот профил на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.