Независниот академски синдикат преку соопштение информираше дека се стопирани изборите на УКИМ.
Владата на 61-вата седница, одржана вчера, усвои дополнување на Уредбата за примена
на Законот за високото образование за време на вонредна состојба, при што изрично се
одредува дека сите активности за избор на органи на управување се ставаат во мирување.
Со оваа одлука, Владата се одзва на нашиот повик за допрецизирање на уредбата, со што
повеќе нема правна дилема околу спроведување на изборите за ректор и Сенат на УКИМ.
Со оваа навремена и здраворазумна одлука на Владата се заштитуваат демократските
принципи на универзитетите, но и здравјето на академската заедница. Со одлуката на
Владата, реакцијата на Државната комисија за спречување на корупција, но и
принципиелната реакција на Државниот трудов инспекторат, кој во јануари утврди
нарушување на синдикалното здружување, се враќа надежта за поголема отчетност и
респонзивност на институциите. Оттука, ги поздравуваме овие одлуки и ги охрабруваме и
другите институции од областа на високото образование и науката да работат во заштита на јавниот интерес.
Во овој момент очекуваме ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски да ги сопре
постапките за избор на ректор и Сенат на УКИМ, се до завршување на вонредната состојба, стои во соопштението на Независниот академски синдикат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.