Наместо претседателот на државата и на Владата заедно да му оддадат почит на најголемиот македонски револуционер, особено во овој период и проблеми со кои се соочува земјата, во име на Владата денеска цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 149 години од неговото раѓање, положи заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски.
Владата на Република Cеверна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност, велат од владината прес-служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.