Наместо фалбаџиски прес-конференции Владата треба да ги засука ракавите и да почне со работа, бидејќи голиот пи-ар нема да го заштити здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека Владата, Спасовски, Шеќеринска и Димитров се отсутни од реалноста и нивната неспособност не само што донесе криминал, сиромаштија туку и го загрозува здравјето на граѓаните.

Во исто време додека Димитров збореше за некакви високи стандарди, илјадници Македонци со денови се заглавени во европските центри затоа што македонското МНР ништо не презема. Шеќеринска е неспособна да изгради прифатилиште во Пепелиште, а не пак да зборува за високи НАТО стандарди. Во каков свет живеат овие луѓе и колку се забегани од реалноста. И додека не уверуваат дека блескаме, реалноста е содржана во признанието дека Владата нема капацитет и ресурси да прогласи кризна состојба. Што се однесува до НАТО оваа влада единствено го промени името, додека се што требаше да се заврши како висок критериум беше изработено и постигнато од минатите влади. Неспособноста покрај криминалот, станува второ име на оваа Влада, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.