На вчерашната седница Владата ги донесе следните кадровски решенија:
1. Амет Аџиу да го разреши од должноста в.д. директор на Јавната установа Национален парк Пелистер- Битола.
2. Осман Шукриу да го именува за директор на Јавната установа Национален парк Пелистер- Битола. (На 23.11.2020 г. НП Пелистер достави Одлука бр. 02-212/4 од 17.11.2020 г. на Управниот одбор, кој во постапка спроведена по објавен јавен оглас за директор е избран Осман Шукриу).
3. Трајче Ангеловски, да го разреши од должноста член на Советот за јавно приватно партнерство, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси.
4. Елпида Младеновска, да ја разреши од должноста член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- П.О. Скопје, на нејзино барање (вработена во УЈП подрачно одделение Крива Паланка).
5. Ѓоко Талевски, да го разреши од должноста член на Управниот одбор претставник на основачот на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“ – Битола, на негово барање (поради судир на интереси именуван за државен правобранител за подрачје Битола).
6. Дејана Николова, да ја разреши од должноста член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе стручeн работник од центарот за социјална работа, на нејзино барање, а за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе – стручeн работник од центарот за социјална работа да ја именува Катерина Сенева Конева.
7. Никола Камчев, да го разреши од должноста член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, на негово барање (избран за нотар).
8. Веселин Стојчевски да го именува за член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ Битола-претставник на основачот (членот на УО Весна Грамосли е почината).
9. Ристо Пецов, да го именува за член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- П.О. Скопје.
10. Еран Куртиш да го именува за в.д. директор на Агенцијата за остварување на правата на заедници.
11. Со одлука на Владата на денешната седница Драгољуб Филипоски е отповикан од должноста член на Надзорниот одбор на АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ во државна сопственост, и за член на Надзорен одбор на АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ во државна сопственост, го избра Бинас Пајазити.
12. Владата донесе одлука Зоран Иванов да се разреши од должноста член на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција”- Скопје, во државна сопственост.
13. Владата даде согласност на одлуката на УО на ПИОМ за изборот на Шаип Зендели заменик директор на оваа институција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.