Да ги заштитиме децата, здравјето на децата е најважно, децата ни се најважни – мижи Асан да ти баам се заложбите на Владата да ги заштити децата.

Денешната одлука сите родители на деца до 10-годишна возраст кои беа ослободени од работа и мајките на продолжено породилно отсуство да се вратат на работа на 23 септември, односно следната среда е доволен доказ дека нашиот ковид-авион лета без пилот, а децата се колатерална штета на неединството меѓу владините росори.

Пред неколку дена министерот Венко Филипче најави дека продолженото породолно отсуство за мајките ќе трае до 31 декември, а министерката за труд и социјална политика, пак, рече дека мајките се враќаат на работа.

Во меѓувреме градинките почнаа да ги примаат децата, но веднаш се јавија и првите случаи на заболени од корона, па градинките ги враќаат децата, а оние кои биле во контакт со заболени негувателки или деца се во изолација.

Породилното ми истече во јуни, и ќе се вратам на работа кога и да треба. Но, во гладинката каде што ги запишав децата има воспитувачка заболена од корона. Дали тоа значи дека треба на свој трошок да останам дома за да ги чувам децата, прашува мајка од Центар.

Многу родители кои ја користеа мерката продолжено породилно отсуство базирајќи се на изјавата дадена од страна на Филипче, дека Комисијата за заразни болести предлага тие да останат дома до 31 декември, не ги запишале децата во градинка.

Се апелираше родителите кои можат да ги чуваат децата дома, да не ги праќаат во градинка за да не се претрупуваат градинките. Сметавме дека потстапуваме правилно да не иснсистираме да ја пратиме постарата ќерка во градинка, бидејќи сум на породилно за второто дете. Секако и не можам да извадам потврда од работа, па ја отпишавме за да не ја плаќаме градинката за седење дома. Најавите беа дека породилното ќе трае до Нова година. Свекрва ми излегува во пензија дури во февруари и за есен месец ќе се покриевме со одмори. И сега?!, збунета е мајка од Аеродром.

И родителите на школските деца во небрано.

Се враќам на работа, а школите не се почнати. Што да им правам на децата до октомври?! Ќерката е прваче, а синот е трето одделение. И двајцата се мали за сами дома да седат цел ден. Одмори немаме ниту јас ниту сопругата, вели татко од Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.