Од Владата соопштуваат дека е неблагодарно да се шпекулира со бројки за отпуштени работници како последица на кризата од КОВИД-19, бидејќи, како што потенцираат, секое отпуштање од работа не значи дека е поврзано со корона кризата.
Во Агенцијата за вработување секојдневно се случуваат одјави и пријави, но тие не може да ни го дадат точниот одговор, бидејќи некој кој што останал без работа денес во една фирма можеби после два дена ќе се вработи на друго место, и тоа не губење на работа, се наведува во соопштението за одлуките од денешната владина седница.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го коментираше ова на социјалните мрежи:
Ова е најнов владин заклучок:
Ако сте изгубиле работа денес тоа не е губење работа!
Ќе повторам АКО СТЕ ИЗГУБИЛЕ РАБОТА, ТОА НЕ Е ГУБЕЊЕ РАБОТА!!!???
Блескањето продолжува, економијата цвета, буџетот е ликвиден, сите во Фејсбук Гугл Оракл, Нобелова награда…
Заевизмот е неуморен!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.