Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски попладнево соопшти дека владата на денешната седница одлучила да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината.

-Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината. Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени, информира Николовски.

Тој уште еднаш изрази благодарност кон сите професионалци, волонтери, граѓани и институции кои несебично учествуваа во безмилосната борба со огнот и да порачам дека мораме да останеме тука едни за други секогаш кога е потребно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.