Владата сè уште нема став околу евентуалното отворање на границите и аеродромите, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, коментирајќи ја одлуката на авиокомпанијата „Виз ер“ да ги пролонгира летовите до Македонија до средината на идниот месец.
Како член на Кризниот штаб можам да кажам дека ја следиме ситуацијата, и согласно препораките кои ги дава Комисијата за заразни болести, ние разговараме и постапуваме по нив, и како штаб, а и во Владата. Во моментот сè уште немаме конечен став околу отворањето на границите и аеродромите. Очекувам овие денови, штом Комисијата го постави тоа прашање на дневен ред, да се разговара на седница на Кризниот штаб, по што Владата ќе донесе одредени одлуки, доколку тие треба да бидат донесени, истакна министерот Сугарески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.