Владата донесе одлука за целосна забрана за работа и организација на настани на затворено во сите угостителски објекти.

Оваа мерка стапува на сила од 15. август.

-Од 15 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип-велат од Владата.

Угостителските објекти регистрирани за прослави до 15 август ќе смеат да организираат настани во затворен простор, но со почитување на мерките и со 40% од капацитетот, а потоа прослави и настани ќе се организираат само на отворено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.