Македонската влада за Фокус демантира дека премиерот ја пријавил за вознемирување мајката на исчезнатото момче Пинета Секондо – Пино, Маја Трпковска, која само барала помош од него. Од таму изјавиле дека премиерот, Зоран Заев, не ја пријавил Трпковска за вознемирување.
„Не е точно дека премиерот ја пријавил Маја Трпковска. Единствено е точно дека госпоѓата испраќала пораки, после што јавно го објавила телефонскиот број на премиерот, но не била пријавена ниту за вознемирување, ниту за било што друго“, велат од Владата.
За време на вчерашниот протест пред Собранието, Трпковска во изјава за медиумите рече дека добила пријава од Заев. Таа повторно побара од истражните органи да го пронајдат нејзиниот син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.