Владата дала негативно мислење за Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој треба да се воведе една изборна единица и на тој начин помалите партии да имаат поголеми шанси за повеќе пратенички места доколку настапуваат независно.
Предлогот на законското решение е поднесен од: пратениците на ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски, на ДС, Павле Трајанов, ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, на ВМРО-НП, Љупчо Балкоски и на пратеникот од Коалицијата предводена од СДСМ, Панчо Минов.
Негативното мислењето е доставено и потпишано од првиот вицепремиер Артан Груби, а во него пишува дека е потребен општ консензус и дека планирана е поширока дебата на работната група со парламентарните политички партии.
Поради ова Владата му предлага на Собранието да не го донесе законот, објави „Слободен печат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.