Влада ноќва испрати соопштение до медиумите во врска со пожарот кој го зафати ковид центарот во Тетово, во кој загинаа многу пациенти,
но и медицински персонал.
Вечерва во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот. Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените. Пред малку заврши итниот кризен штаб кој се одржа во Општина Тетово со највисокиот државен врв, а за утре во 10:00 часот наутро закажана е итна и вонредна седница на Владата на Македонија посветена на решавање на трагедијата во Тетово – стои во соопштението испратено од Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.