Не е точно дека Владата донела одлука да не се продолжи мандатот на директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, соопштуваат од Влада.

Владата не дискутирала и не донела одлука по таква точка на дневен ред, дополнуваат од Илинденска.

Претходно,  „360 степени“ повикувајќи се на напис објавен во порталот на весникот на албански јазик „Коха“, пренесе дека вчерашниот ден бил  последен во кариерата на Горјан Тозија како директор на Агенцијата за филм“, односно дека според сознанијата на „Коха“, Владата ќе донесе одлука да го прифати барањето на Антикорупциската комисија и на Тозија да не му биде продолжен мандатот како вршител на должноста директор на Агенцијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.