Министерстовото за труд и социјална политика информира дека Законот за работните односи со членот 112 ги дефинира случаите кога на работникот му се исплатува надоместок на плата.

Согласно одредбата, работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство, а висината на надоместокот е различен за различни ситуации. Во ставот 10 од член 112 е предвидено, во случај на прекин на работниот процес од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му издаде решение и да му плати 70 проценти од платата и тоа најмногу до три месеци во тековната година.

(Фото – Влада на РМ)

Ова значи дека во услови на намалување на прометот, намалување на обемот на работа, работодавачот има потреба и право на реорганизација на работниот процес со цел да не дојде до отпуштање на вработените, при што дел од вработените можат да ја реализираат работната обврска, а работниците кои не можат да обавуваат работни обврски, или пак е намален обемот на работата кај работодавачот, истите можат да го користат институтот – принуден одмор.

Во случај на потреба од користење принуден одмор, работодавачот е должен на работникот да му се издаде соодветно решение, обврска која е предвидена согласно член 112 став 10 од Законот за работните односи, како и да му плати надоместок на плата од 70 проценти од платата за период до три месеци во тековната година.

Надоместокот на плата за време на принуден одмор е утврден и во Општиот колективен договор за вработените во приватниот сектор од областа на стопанството (член 32).

Со истиот член од Законот за работните односи, член 112, став 7 е превидено ако работникот нема можности да ја врши работата поради виша сила, а за да не настане престанок на работниот однос, работодавачот може да им исплати надоместок во висина од 50 проценти од платата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.