Позициите на Владата во однос на македонскиот идентитет и македонскиот јазик се познати, постојано потврдувани и јасни. Во секоја прилика Владата кажува дека од нив нема да отстапи. Идентитетските црвени линии се јасни и на граѓаните и на меѓународната јавност.
Ова денеска на прес-конференција го истакна владиниот портпарол Душко Арсовски прашан за ставот на Владата за предлогот на владиниот коалициски партнер НСДП за консултативен референдум за преговорите со Бугарија со прашање дали Република Македонија треба да ги продолжи преговорите Бугарија онака како што таа ги бара.
Во врска со ставот на Владата за резулоцијата на ВМРО-ДПМНЕ за спорот со Бугарија која СДСМ ја поддржа, а ДУИ бара доработка, Арсовски рече дека на Собранието е да предлага да расправа и да одлучува за резолуции и слични документи и иницијативи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.