Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 342 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекува 31 болен, а во Куманово 46 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 28, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 39, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 591 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 249 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти и ниту еден на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 6 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.
Вкупно 249 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.