Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во болниците низ Македонија е пријавено дека се лекуваат вкупно 398 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 59 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 49 во Ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 24 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 8 во Кичево 15, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 685.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.