Во последните 24 часа регистрирани се 493 нови случаи на Ковид-19, од направени 2.911 тестирања. Починале 17 лица.
Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 200, Битола – 53, Куманово, Велес и Прилеп – по 23, Кавадарци – 20, Кочани – 19, Штип – 17, Тетово – 13, Делчево – 12, Гевгелија и Неготино – по 10, Демир Хисар – 8, Струмица – 7, Берово и Богданци – по 6, Гостивар, Охрид и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Ресен – по 4, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Кичево, Струга, Виница и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 17 починати лица и тоа: четири починати лица од Куманово (62г, 64г, 78г и 93г), три починати лица од Прилеп (73г, 76г и 79г), по две починати лица од Скопје (72г и 91г), Велес (76г и 80г) и Кавадарци (57г и 71г), и по едно починато лице од Битола (78г), Делчево (41г), Крива Паланка (79г) и Ресен (71г). Од пријавените лица шеснаесет се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 28.10.2021 до 05.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Велес (1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 43-97г, од кои 4 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.439.606 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 210.938, на починати е 7.390, а бројот на активни случаи изнесува 8.391.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.