Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на прес конференција ги обелодени долговите на сите јавни претпријатија под надлежност на општината.

Најмногу задолжено е ЈП „Водовод“ – Охрид со долг од 309.345.403 денари, од кои 244.989.712 денари е долг кон ЈП „Колектор“ од делбениот процес, а од основањето генериран долг од самото јавно претпријатие е 61.640.880 денари.

 

Веднаш потоа е ЈП „Билјанини извори“ со долг од 78.198.322 денари. ЈП „Охридски комуналец“ должи 60.000.000 денари, ЈП „Нискоградба“ 46.657.094 денари, ЈП „Градски пазар“ должи 2. 400.000 денари, а ЈП „Градски гробишта“ 1.000.000 денари.

 

Вкупно сите претпријатија должат 497.600.819 денари или околу 8 милиони евра – истакна Пецаков.

Како што пишува „Охрид24“, ЈП „Водовод“ – Охрид има долг од 18.327.664 денари само за потрошена електрична енергија.

Во меѓувреме беше откриено и дека претходниот директор си ја зголемил платата и земал поголема плата и од градоначалникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.