Високиот претставник на ОБСЕ за слобода на медиуми Харлем Десир изрази загриженост за постапката која беше најавена против уредникот на Инфомакс Александар Митовски. Митовски се соочува со кривична истрага поради тоа што објави извадоци од сведоштво дадено пред обвинителството кои укажуваат на вмешаноста на високи политички функционери во скандалот Рекет.
Одблиску го следам случајот на Александар Митовски, уредник на Инфомакс, кој е обвинет за објавување на тајни службени документи во „Северна“ Македонија, напиша Десир на Твитер.
Closely following the case of Aleksandar Mitovski editor for @InfomaxMk, who is charged for publishing official secrets in #NorthMacedonia.
— OSCE media freedom (@OSCE_RFoM) September 26, 2019
Денес пред обвинителството се одржа и протест на новинарите против најавата за кривично гонење на Митовски, на кој беше изразена длабока загриженост поради засилените притисоци врз слободата на изразување од страна на Владата на Заев и обвинителството. Во текот на протестот се прошири веста за полицискиот упад во редакцијата на Нетпрес, извршен исто така поради откривање детали за владиниот корупциски скандал М-НАВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.