Владата и опозицијата треба да соработуваат на европската агенда, порача известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук.
При презентацијата на извештајот за земјата за 2019 – 2020 година, тој ја истакна потребата од континуирани реформи и имплементација на билатералните договори.
И праќаме силен сигнал на C. Македонија дека се потребни проевропски реформи. Искрено ги повикуваме опозицијата и владата да продолжат со нивната посветеност кон европската агенда, бидејќи проширувањето не е само за тоа кој е на власт, туку има сериозна улога за политичките партии од опозицијата – порача Ќучук.
Комесарот за проширување Вархеи побара повеќе напори за решавање на спорот со Софија, со цел да се почнат преговорите за членство.
Во овој клучен момент, ги охрабрувам Скопје и Софија да ги удвојат напорите за да најдат заеднички решенија за билатералните прашања. Би го одразил вашиот извештај, охрабрувајќи ги сите страни да постапуваат конструктивно и да се воздржуваат од изјави или чекори што ги поткопуваат интересите на ЕУ – изјави вархеи
Известувачката за Албанија, Изабел Сантос, изјави дека Тирана ги исполнила сите услови за почеток на преговорите.
Постигнаа многу значајни реформи, во исклучително тешки околности. Сега останува на Комисијата и Советот да одговорат на вонредните напори на Албанците и властите. Може да се направи повеќе, но треба да го сторат заедно – изјави Сантос.
Известувачката за Косово, Таубадел ја истакна потребата од продолжување на дијалогот помеѓу Приштина и Белград.
Договорот е предуслов за членство во ЕУ и за Косово и за Србија – порача Таубадел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.