Синоќа на полноќ започна изборниот молк за локалните избори кои ќе се одржат утре, 17 октомври. Досега се забележани неколку прекршувања како отворени партиски штабови на партија од власта, како и обиди за агитирање.
Новинарката на Инфомакс од Велес јавува дека се забележани нелегални активности како поткуп, а забележан е лично и висок функционер од власта.
„Денес во велешко е релативно мирно. Според информациите на Државната изборна комисија гласањето на затворениците, старите, изнемоштени лица, како и болните од ковид и оние во изолација се одвива без никакви пречки. Изборниот молк го прекрши носител на јавна функција, висок функционер, кој попладнево беше во посета на неколку села во општина Чашка, каде што, според лични сведоштва, имаше поткуп на гласачи, но никој од нив не сакаше јавно да зборува пред камера“, известува новинарката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.