Висок напон на струја го предизвикал пожарот во РЕК Битола, кој се случи пред точно една недела, информираат од ЕСМ. Велат дека стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на екипи од МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од Техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот минатиот петок, соопштија од ЕСМ.
Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем. Од компанијата додадоа и дека за да се спречат слични инциденти во иднина, ќе формираат експертски тим кој ќе ги следи процесите во комбинатот.
Во меѓувреме се спроведуваат завршни активности на Блокот 2, кој в недела треба да биде ставен во функција. Од ЕСМ потенцираат и дека се формираат солидни залихи на јаглен во рудниците на РЕК Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.