Македонскиот актер од Гостивар, Висар Вишка, кој во 2019 година беше назначен за в. д. директор на Гостиварскиот театар, на својот Фејсбук профил објави видео во кое првично ја покажува неговата канцеларија.

Како што тој објаснува Вишка, на видеото може да се согледа хаотичната состојба во канцеларијата поради тоа што, како што вели, нема каде на друго место да се остават костимите.

Вишка вели дека театарот во Гостивар нема ниту греење ниту тоалети и дека со сопствени финансии купил и балетски пот, поради потребите на претставите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.