Има уште една опасност сега со овој вирус. Тој сега посебно ги бира младите луѓе, навакцинираните луѓе. Најчесто од 18-30 годишна возраст. Тоа се луѓе кои претежно се здрави и сега има разлика во симптомите. Како резултат на потребата на врзување на ресепторот, носот и устата, сега е потребна многу помала концентрација на вирус присутен во просторот каде што ние престојуваме, за тој вирус да се фати за тие ресептори и да почне да ги содзава неговите копии. Симптомите се поинакви од претходно. Поинаква е сликата на почетокот, а понатаму компликациите се буквално исти. Може да добиете главоболка, течење на носот, кивање…и човек може да помисли дека денеска бил изложен на клима уред  или возев со отворен прозор, или болки во грлото…симптоми кои потсетуваат на настинка или на алергиска реакција. Ризикот е во тоа што младите лица не ги препознаваат симптомите или свртувајќи ги во насока на настинав, испив премногу вода со мраз…го шират вирусот и тоа е големата опасност. Го шират вирусот несвесно. Затоа еден апел до гледачите, тие луѓе со вакви симптоми да се изолираат се додека не бидат сигурни дека не го носат вирусот Сарс Ков-19 делта варијантата. Ако се однесуваат неодговорно, заразуваат по седум лица од своето опкружување, рече во вечерашното гостување на „’ вести, пулмологот Марјан Баловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.